Не треба да се чувствувате лошо ако имате некоја од овие лоши навики затоа што вие не сте виновни за тоа. Тие се производ на состанувањето со погрешна личност и добивањето погрешна идеја за тоа како треба да изгледа љубовта.
1. Ако партнерот бил избувлив, веројатно сте многу претпазливи кога зборувате нешто
Веројатно внимавате колку информации откривате и ви треба долго време да размислите пред да кажете нешто гласно. Веројатно чувате тајни и кажувате мали бели лаги затоа што сте научиле како да се движите по минско поле. Се плашите од она што може да се случи ако ја признаете вистината.
2. Ако партнерот ве изневерил, веројатно имате лоша навика да проверувате сè
Веројатно сакате да видите со кого се допишува вашиот партнер и какви слики лајкнува на социјалните мрежи. Веројатно сакате да бидете сигурни дека вашиот партнер не разговарал со своите бивши. Веројатно сакате да проверите повторно за да бидете сигурни дека тој навистина ги избришал сите апликации за состанување како што ветил. Веројатно треба да видите доказ пред да верувате во тоа бидејќи порано сте биле измамени.
3. Ако партнерот играл игри, веројатно имате лоша навика да поставувате премногу прашања
Веројатно сте скептик кога станува збор за љубовта. Веројатно го испитувате вашиот партнер за да проверите дали неговите одговори имаат смисла. Внимавате на сите детали од неговата приказна. Веројатно се плашите дека вашите чувства се еднострани.
4. Ако партнерот ве сметал за луди затоа што ги искажувате своите емоции, веројатно имате лоша навика да ги потиснувате чувствата
Веројатно лажете дека сте добро кога умирате однатре. Веројатно плачете зад затворени врати и имате лажна насмевка. Веројатно го држите вашиот партнер на дистанца затоа што претпоставувате дека не сака да се занимава со вашата драма, не сака да слушне што имате да кажете, не сака да ви ги брише солзите.
5. Ако партнерот станувал агресивен кога бил лут, веројатно имате лоша навика да избегнувате соочување
Веројатно сте преплашени да зборувате кога ќе се чувствувате неправедно. Веројатно се двоумите дали да признаете кога нешто ви пречи, колку и да е мало. Ги криете вашите проблеми под тепих затоа што не сакате да предизвикате неволји. Вие не сакате да ѝ дадете на другата личност никаква причина да ви се налути.
6. Ако партнерот се грижел само за вашиот изглед, веројатно имате лоша навика да го користите сексот за да го добиете она што го сакате
Веројатно мислите дека сите што ќе ги сретнете се заинтересирани само за вашето тело и ќе си заминат веднаш штом ќе го добијат она што го сакаат од вас. Веројатно претпоставувате дека е невозможно да најдете некој што се грижи за вас како личност. Веројатно ви е тешко да поверувате дека постојат луѓе кои уживаат во вашата личност, а не само во вашата убавина.