петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Љубов и секс

Никогаш не би рекле дека им пречат! Еве за кои 3 работи мажите се најчесто љубоморни

Никогаш не би рекле дека им пречат! Еве за кои 3 работи мажите се најчесто љубоморни

Иако жените почесто изразуваат љубомора, тоа не значи дека мажите се имуни. Разликата е само кој на што ќе реагира, а кој поради што ќе се чувствува загрозен.

Сепак, мажите обично добро го кријат тоа. Ако некогаш сте се запрашале, ова се работите кои најмногу ги мачат:

Машки пријатели
Колку и да тврдат дека не им пречи, на повеќето мажи едноставно не им се допаѓа кога премногу се дружите со машки пријатели. Не е дека не ти веруваат, туку дека не им веруваат на нив, барем така ќе ви кажат.

Поранешни партнери
Особено ако имаме нешто убаво да кажеме за нив. Иако сегашниот дечко обично нема причина да се грижи за поранешното момче, љубомората е едноставно посилна од него.

Внимание на социјалните мрежи
Одамна е познато дека просечната жена добива многу повеќе лајкови и коментари за обична слика од просечниот маж. Помалку е познато дека на просечниот маж му пречи вниманието што го добива жената, а уште помалку дека му пречи затоа што поради тоа се чувствува запоставен.