четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Не сте ни слушнале за ова нарушување, а секој десетти маж страда од него

Не сте ни слушнале за ова нарушување, а секој десетти маж страда од него

Бигорексија – е целосна спротивност на анорексијата (која е карактеристична за жените) и посилниот пол се доживува себеси како недоволно развиен и мускулест. Секој 10-ти маж страда од тоа.

Во просек, овие мажи се гледаат себеси 12 пати на ден во огледало, следат строги диети, често се споредуваат со другите прашувајќи се дали се доволно развиени, фанатично се обидуваат да ја зголемат телесната маса и мускулите и често прекумерно користат стероиди.

Според истражувањата, секој десетти маж во теретана страда од ова нарушување, кое може да доведе до срцев и мозочен удар, намалување на тестисите, опаѓање на косата, летаргија, а во тешки случаи дури и до самоубиствени мисли. Прекумерната употреба на супстанци за вештачко зголемување на мускулите дополнително ги нагласува гореспоменатите здравствени проблеми.

-Експертите предводени од Роб Вилијамс ја проучувале бигорексијата како психолошко пореметување, кое е поттикнато од детските трауми, предизвикани од создавањето на несигурност кај детето. Затоа за време на пубертетот доаѓа до фрустрација при проектирање на идеален надворешен изглед, кој треба да биде показател за успех и моќ, пренесува Новости.

Ако забележите знаци на ова нарушување, разговарајте со вашите најблиски и потсетете се на вашите добри особини и дека умереноста во сè, вклучително и вежбањето, е клучот за среќата.