Можеби навистина последниот партнер со кој сте биле во врска навистина бил за никаде, но ако не можете да одржите нормална, здрава врска на подолг рок, можеби е време да се преиспитате и да проверите дали проблемот е во вас.
Ако правите една (а можеби и повеќе!) од овие работи, тогаш сами сте виновни за неуспехот на вашите врски.
Мора секогаш да сте во право
Вам ви изгледа дека сосема случајно сте секогаш на вистинската страна, но тоа може да биде напорно, особено кога не сте во право и не знаете да признаете пораз.
Мора да контролирате сѐ
Одлично е тоа што имате контрола врз сопствениот живот, но не може да ги контролирате туѓите животи. Кога обидите да го имате под контрола секој аспект од врската ги преминуваат границите на добриот вкус, никој нема да сака да остане со вас долгорочно.
Се повлекувате
Проблемите не ги решавате со разговор, туку се повлекувате во себе и очекувате да се решат сами од себе. Во полош случај, се повлекувате целосно од врската и ја осудувате на пропаст без обид да го решите проблемот. Никој не сака да биде единствениот кој постојано се бори за врската да опстане.
Желба за одмазда
Ако некој ве повреди, макар и ненамерно, во вас гори желба да се одмаздите – со иста мера или повеќе! Одлика на човек во здрава врска е знаењето кога треба да простите и да заборавите и едноставно да не се навраќате на лошите моменти откако сте ја решиле ситуацијата.
Премногу сте искрени
Искреноста е голема доблест, но и таа има различни форми. Детската искреност, која најчесто следи без промисленост, не им прилега на возрасните луѓе. Понекогаш е подобро да премолчите и да размислите. Проценете кои работи се за премолчување, а кои и мора да бидат кажани и како.