Доењето може да влијае на многу аспекти од животот на жената, па така и на сексот. Прочитајте ги петте начини на кои хормоните, исцрпеноста и сѐ останато што се случува во текот на доењето може да го промени сексуалниот живот.
1. Не се чувствувате привлечно
Додека жената дои, има значително намалена желба за секс и тоа е сосема нрмално, особено во првите недели од мајчинството кога жената најмногу дои. Некои жени сметаат дека улогата на нова мајка е емоционално нескладна со сексапилот. Во секој случај, ако не ви е дојдено до секс, не треба да се присилувате на тоа.
2. Се чувствувате попривлечно за разлика од претходно
Некои жени, пак, може да се чувствуваат уште попривлечно додека дојат. Ако се прашувате како може некој да се чувствува секси додека животот му се врти околу хранење дете со млеко од своето тело, еве го објаснувањето: поради доењето, брадавиците се почувствителни што доведува до засилени сетила, па така жената може побрзо и полесно да доживее оргазам.
3. Млекото може да почне да истекува за време на сексот
За време на сексот, односно кога жената ќе се возбуди сексуално, млекото може да почне да истекува што е последица на надразнувањето на брадавиците, односно резултат на рефлексот на исфрлање млеко. Некои парови признаваат дека оваа појава може дополнително да ги возбуди.
4. Може да доживеете невообичаена сувост во пределот на вагината
Поради хормоналните промени што се последица на доењето, вагиналниот предел може да стане посув од вообичаено. Имено, додека жената дои, жлездата хипофиза произведува многу пролактин, хормон што го поттикнува производството на млеко во градите. Но пролактинот влијае и на намалување на лачењето на други хормони на хипофизата, како што е естрогенот. А поради недостатокот на естроген, вагиналниот предел може да стане сув (слично се случува и во менопаузата). Лубрикантите можат да помогнат, а ако тие не делуваат, може да го пражате гинекологот да ви препорача вагиналети или крема со естроген.
5. Љубовта на партнерот може да ве преоптовари
Големата количина на окситоцин и пролактин во комбинација со физичкиот чин на доењето може да ве окупира емоционално, поради што секоја изјава љубовна изјава на партнерот може да ви биде премногу. За да не се оддалечите од партнерот, важно е дел од времето да поминувате со него, па макар и еден час дневно. Тоа не значи дека мора да форсирате секс. Разговарајте за тоа како се чувствувате, држете се за раце, милувајте се, бакнувајте се…