сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Љубов и секс

По сексуалниот однос жените ова нешто го одложуваат, па си прават голема штета на своето здравје – велат уролозите

По сексуалниот однос жените ова нешто го одложуваат, па си прават голема штета на своето здравје – велат уролозите

Сексуалниот однос е чин во којшто телото поминува низ бројни промени. Иако секој од нас има различни желби и потреби, телото кај речиси сите реагира на сличен начин.

Една од тие реакции е и потребата за мокрење по сексуалниот однос. Таа кај некои може да биде многу поинтензивна и моментална, додека пак кај другите жени се појавува по неколку минути. А, експертите велат дека таа потреба не треба никако да ја игнорирате.

Зошто ни се мокри по сексуалниот однос?
Нашето тело е сложено, а неговата улога е максимално да нè заштити од потенцијални опасности кои постојано се во нашата околина. Една од тие опасности се крие во бактериите.

Имено, во текот на односот телото е изложено на бројни бактерии кои можат да се „скријат“ на места на кои никако не сакаме да бидат.

Д-р Невен Капун, специјалист по урологија, објаснува дека воспалението на мочниот меур е директно поврзано со сексуалниот однос.

„Во текот на сексуалниот однос бактериите низ каналот на уринирање се шират кон мочниот меур, што кај жените може да доведе до акутно воспаление на уринарниот тракт. Со уринирање по односот всушност се „чистиме“, односно го чистиме каналот за уринирање од бактерии“, истакнува Капун.

Токму поради тоа доколку почувствувате силна потреба за мокрење по односот, одложете го галењето за неколку минути и послушајте го вашето тело.