четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Лас Вегас вторпат по ред шампион на женската НБА

Лас Вегас вторпат по ред шампион на женската НБА

Кошаркарките на Лас Вегас го победија тимот на Њујорк со 70:69 ноќеска во четвртиот натпревар од финалната серија на плејофот на ВНБА.

Лас Вегас со вкупни 3:1 ја доби финалната серија.

Најзаслужна за победата на гостинките беше Аја Вилсон кој постигна 24 поени и забележа 16 скока. Таа беше прогласена за МВП на финалето.

Лас Вегас втора сезона по ред стана шампион на ВНБА.