Ако се сретнете со можни претенденции за врска, дружење, брак, веќе на првиот состанок покажете дека сте дама со јасен став
Живееме во време кога се во прашање погрешни системи на вредности, површност и нагласување на физичките карактеристики, што не е доволно за хармонична љубовна романса и животните несреќи што сите досега ги чувствувавме.
Овие пет совети ќе ви помогнат да го внесете вистинскиот во вашиот живот:
Покажете став и искрено мислење
– Не треба да ви биде непријатно ако не размислувате на ист начин како и лицето спроти вас, па ќе забележите побрзо ако имате ист поглед на иднината.
Бидете храбри и свои
– Ако доживеете несоодветни шеги, недискретни прашања или непријатност за време на состанокот, со смиреност и одмерени одговори дадете до знаење дека мажот не е пристоен, па вие ќе го посрамотите со вашиот став.
Зборувајте за вашите таленти и деловни ангажмани
– Токму со овие теми ќе ги покажете своите вештини, самосвест, независност, а со тоа и ќе му покажете на лицето до вас дека не сте дама за забава и површни врски.
Избегнувајте теми за поранешните избраници
– Искуствата од поранешни љубови можат да отидат во погрешна насока, и да разбудат стари рани во вас, што може да остави впечаток дека сте посесивна и лековерна дама, а тоа никого не му е во план.
Распрашајте се за музика, патувања и социјални теми
– Тие ќе ви откријат дали мажот е емпатичен, разноврсен и имагинативен.