Веројатно нема родители кои не се плашат и кои не се прашуваат што би направиле во случај нивното дете да ги фати при водење љубов.
Најголемата грешка што можете да ја направите е да го игнорирате она што се случило, без разлика колку ви е непријатно треба да разговарате со вашето дете за вашата интимност, пишува Задоволна.хр.
Не срамете се да ја покажете вашата брачна љубов и наклонетост пред вашите деца. Здраво е мама и тато да се допираат, гушкаат и бакнуваат пред децата затоа што треба да знаат дека се сакате.
Важно е да разговарате за тоа, а што ќе кажете и како ќе одговорите на неговите прашања зависи од возраста на детето.
Совети погодни за деца под седум години:
-Не го казнувајте вашето дете затоа што ве фатило „на дело“
-Уверете го дека не сте лути поради тоа што се случило, туку дека мама и тато имале време за себе и дека следниот пат треба да тропне на вратата
-На детето може да му се чини дека тато и предизвикува болка на мама или обратно. Објаснете му дека со тој чин си покажувавте љубов еден на друг и дека никој не е повреден
-Додека петгодишното дете ќе се прашува што правеле мама и тато, на десетгодишното дете може да му биде одбивна глетката и да не сака да разговара за тоа. Во тој случај, не инсистирајте, туку оставете го на мира.
-Ако детето поставува прашања, обидете се да одговорите најдобро што можете и не одбивајте
Соодветно реагирање на чувствата на детето е првиот чекор за надминување на оваа непријатна ситуација. Пред да бидете свесни, детето ќе го заборави.