среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

МОЌТА НА МАЈКАТА: Таа навистина чувствува кога нејзиното дете е болно

МОЌТА НА МАЈКАТА: Таа навистина чувствува кога нејзиното дете е болно

Кога мајката се сомнева дека нејзиното дете е болно, таа обично е во право, покажува студија на Универзитетот во Тексас – затоа лекарите им кажуваат на мајките да им веруваат на своите инстинкти.

-Причината за ова е големата поврзаност помеѓу родителите и децата. Родителите лесно можат да препознаат промена во однесувањето на нивните деца, објасни Метју Томпсон, раководител на студијата.

Воспалението на дишните патишта е една од најчестите болести за кои родителите бараат лекарска помош, а дури и првите знаци

Доколку детето е бледо или кожата има сивкав тон, најдобро е да посетите лекар, а помага и мерење на пулсот на рачниот зглоб. Просечниот број на отчукувања во минута во предучилишна возраст е од 80 до 100 отчукувања. Забрзувањето на овој ритам може да укаже на променета здравствена состојба.

Не треба да ја отстранувате малку покачената температура, бидејќи тоа е само знак дека телото се бори со инфекција. Најчести причини за треска се вирусни или бактериски инфекции и никнување на забите. Малите деца често ставаат играчки во устата и на тој начин внесуваат бактерии. Меѓутоа, ако дете под три месеци има температура над 38 степени, треба да се однесе на лекар. Постојано плачење, силно будење, болки во стомакот се исто така алармантни знаци.