петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

„Парите не беа проблем, но немаше лек“: Сања Маринковиќ проговори за големата загуба, со таа болка живее секој ден

„Парите не беа проблем, но немаше лек“: Сања Маринковиќ проговори за големата загуба, со таа болка живее секој ден

Водителката Сања Маринковиќ на крајот на 2020-та година се соочи со страшна загуба, по која нејзиниот живот никогаш повеќе нема да биде ист.

По само осум недели борба со опасна болест, починал нејзиниот татко, за кого била исклучително приврзана.

Кога го ставиле на апаратите за одржување во живот, тоа остави голема празнина во срцето на Сања.

-Има и рани кои никогаш нема да заздрават, кога татко ми почина на крајот на годината. Никој никогаш нема да го исполни тоа место во моето срце. Секогаш ми е навистина тешко да зборувам за тоа бидејќи се случи навистина ненадејно, буквално преку ноќ. Во моментот кога ја слушнав дијагнозата се онесвестив, но бев доволно присебна да не му кажам дека му останале само уште два месеци, раскажала Сања во емисијата „Премиера – викенд специјал“ и открила како се обидувала да му помогне на својот татко на секој можен начин да заздрави.

-Замина, а не ни знаеше од што е болен. Му кажав сè, татко ми беше секогаш тука за брат ми и мене, што и да ми требаше, татко ми беше секогаш таму. Нема клиника на која не пишавме, парите не беа проблем, но за жал, немаше лек, открила Маринковиќ на која татко и и недостасува секој ден, особено за време на празниците.

-За време на празниците ми недостасуваат оние кои засекогаш го напуштија моето семејство. Татко ми како  добар домаќин, беше задолжен да ги почитува традициите и сите обичаи, а мајка ми секогаш се потпираше на неговата жртва. Секој ден се повеќе ни недостига, а не е точно дека времето лечи рани во срцето и душата, напротив, изјавила Сања за „Пинк“.

Најнови вести