Веруваме дека знаете, но сепак добро е во ова време да си повториме како може да се заштеди струја.
1. Не мора да ви биде вклучено осветлувањето во сите соби, односно вклучете само каде има потреба. Ако ги замените светилките за штедливи ќе трошите помалку енергија.
2. Рационално да се користи машината за перење. Возможно е со помош некои детергенти да се пере и на пониски температури.
3. Машината за перење на садови треба да се пушта во употреба само кога е целосно наполнета.
4. Системот за греење треба да биде поставен на околу 20 степени. Навечер доволно е да биде на околу 15 до 17 целзиусови степени.
5. Не го оставајте мониторот или компјутерот на “stand by” кога не се во употреба.
6. Електричните апарати трошат струја и кога се „угаснати“ ако не се исклучени од струја. Трошат дури и продолжените кабли.
7. Фрижидерот ефикасно работи и ако температурата е подесена помеѓу 3–от и 5–от степен, а замрзнувачот малку под нулата.
8. Користете ја топлата вода од бојлерот рационално. Пожелно е кога еднаш се загрее бојлерот, што повеќе луѓе да ја искористат водата во побрз временски период.
9. При готвење исклучете ја рерната или ринглата 5 минути порано. Скоро секогаш тие се доволно загреани и имаат акумулирано доволна топлина за да се доврши јадењето….