понеделник, 13. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Без струја неколку улици во Кисела Вода и Карпош и поголем дел од Визбегово

Без струја неколку улици во Кисела Вода и Карпош и поголем дел од Визбегово

ЕВН известува дека, поради технички зафати во електро-дистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат неколку улици во општините Кисела Вода и Карпош и поголемиот дел од населбата Визбегово во општина Бутел.

Од 09:00 до 15:00 часот, без струја ќе бидат корисниците од улицата „Лазар Димитров’ во Кисела Вода.

Од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од улиците „Ристо Равановски“, „Анкарска“ и „Борка Талевски’ во Карпош.

Од 10:00 до 13:00 часот, корисниците од поголемиот дел од населба Визбегово во општина Бутел.