Во заедничка акција со Скопската православна епархија и отец Оливер, градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски подели пакети со хуманитарна помош на пензионерите.
„Чувството дека помагаш некому, дека си блиску до оние кои имаат потреба од нас нѐ прави поголеми личности.
Утрово, во заедничка акција со Скопската православна епархија и отец Оливер поделивме пакети со хуманитарна помош на пензионерите од Кисела Вода.
Соочени со енормните покачувања на цените на сите намирници, со немањето слух на власта за нивните потреби и ниските пензии со кои не можат да си ги платат ниту комуналиите и лековите, не можевме да останеме без да направиме ништо.
Се надевам дека нашата помош ќе им значи и барем малку ќе им помогне.
Се надевам дека и еден ден некој ќе ги слушне нивните барања и реално ќе им се излезе во пресрет.
Пензионерите се наши баби и дедовци, родители и заслужуваат да бидат третирани на подобар начин а јас, согласно моите можности ќе направам сѐ за да се променат работите“, објави Ѓорѓиевски.