петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Ѓорѓиевски: Дигитализација на сите основни училишта во Кисела Вода

Ѓорѓиевски: Дигитализација на сите основни училишта во Кисела Вода

Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски денес достави смарт уреди во основните училишта во Кисела Вода. Со ова, велат од неговиот кабинет, дека сите основни училишта се опремени со смарт уреди во училниците, што е од голема корист за децата и зголемување на интересот за наставата која ја посетуваат.

-Се наоѓаме во ООУ ,,Круме Кепески”, со што можам да истакнам дека сите училници и кабинети во основните училишта во општина Кисела Вода од денес се опремени со смарт уреди. Во изминатите две години во повеќе наврати обезбедивме смарт табли или телевизори, а со денешната наша донација успеавме во целост да го реализираме дигитализирањето на училиштата. За децата, смарт уредите овозможуваат интерактивно учење и го зголемуваат интересот за наставата, додека за наставниците, овие технолошки алатки го збогатуваат наставниот процес, го подобруваат предавањето и овозможуваат пристап до разнообразни образовни ресурси. На овој, му претходеше проектот “Компјутер за секој наставник”, кој го
спроведовме пред две години и со кој сите наставници добија можност во целост да си ги извршуваат своите обврски на работното место, да ги илустрираат и објаснат учебните содржини на подобар и поинтерактивен начин, како и да го пополнуваат електронскиот дневник. Поддршката на образованието и вложувањето во унапредување на наставниот процес и понатаму ќе остане да биде на врвот на приоритетите на Општина Кисела Вода. Верувам дека денешната инвестиција во нашите училишта е значаен придонес кон позитивен развојот на нашите млади генерации и создавње на иден квалитетен кадар кој добро ќе котира  на пазарот на трудот, изјави градоначалникот Ѓорѓиевски.