сабота, 4. ноември 2023. Вести денес: 70
home Скопје

За Задушница дополнителен број автобуси на линиите 59, 59А и 59Б

За Задушница дополнителен број автобуси на линиите 59, 59А и 59Б

ЈСП Скопје во пресрет на верскиот празник Задушница, утре и задутре воведува дополнителен број автобуси на линиите 59, 59А и 59 Б, кои ќе сообраќаат од и кон гробишта Бутел.

-Утре и задутре на редовните линии 59 (Карпош 3 – Кучевишка бара – Гробишта Бутел), 59А (Ново Лисиче – Гробишта Бутел) и 59Б (Кисела Вода – Гробишта Бутел) ќе сообраќаат дополнителен број автобуси, се наведува во соопштението од ЈСП Скопје.