недела, 5. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Двајца загинати, еден повреден во несреќа во рудникот за сепарација на јаглен Лубница кај Зајечар

Двајца загинати, еден повреден во несреќа во рудникот за сепарација на јаглен Лубница кај Зајечар

Две лица загинаа, а едно е повредено на сепарација при чистењето на бункерот со ситен јаглен во рудникот за лигнит Лубница кај Зајечар, јави дописникот на МИА од Белград.

Министерството за рударство и енергетика соопшти дека инспекцијата ќе излезе на лице место, каде се упати и ресорната министерка Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ.

Несреќата се случила во 10.30 часот, а еден повреден работник е прфрлен во Здравствениот дом во Зајечар.

На лице место е и Итната помош и обвинител од Основното јавно обвинителство во Зајечар.

Рудникот за лигнит работи во состав на јавното претпријатие за подземна експлотација на јаглен, „ресавица“.  (МИА)