недела, 5. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Грција в понеделник ќе испрати хуманитарна помош во Појасот Газа

Грција в понеделник ќе испрати хуманитарна помош во Појасот Газа

Грција в понеделник со авион на военото воздухопловство ќе испрати хуманитарна помош во Појасот Газа, соопшти шефот на грчката дипломатија Јоргос Герапетритис, одговарајќи на пратеничко прашање во Парламентот, јави дописничката на МИА од Атина.

Министерот за надворешни работи на Грција истакна дека грчката Влада е во консултација со други земји, особено со Кипар и Франција за формирање хуманитарен морски коридор директно до Газа, а разговараат и со Израел за да се обезбеди непречено минување.

-Секако, сфаќаме дека се работи за проект со исклучително голема техничка тешкотија, со оглед на фактот што во Појасот Газа нема безбедно пристаниште за да може безбедно да доплови било кој брод. Во секој случај, сакам да потсетам дека Грција самостојно, освен помошта со која придонесува преку ОН, веќе планира помош за Појасот Газа. В понеделник наутро ќе тргне Ц-130 на военото воздухопловство со неопходната помош, односно лекови, кои веднаш ќе бидат распределени во Појасот Газа, објасни Герапетритис.