среда, 24. април 2024. Вести денес: 0
home Регион

САД прогласија поранешени косовски функционер за непожелна личност

САД прогласија поранешени косовски функционер за непожелна личност

САД денеска објавија дека го прогласиле поранешниот косовски функционер Неџат Красниќи како неподобен за влез во земјата поради неговата вмешаност во „значителна корупција“.

Стејт департментот објави дека Красниќи, поранешен директор на Одделот за набавки во Министерството за трговија и индустрија на Косово, „ја злоупотребил својата јавна позиција примајќи мито во замена за склучување договор за доделување на изградба на индустриски парк во општина Глоговац за компанијата Елтона“.

Тој потег како што се наведува, „покажува дека САД стојат со оние во Косово кои бараат одговорност од корумпирани јавни функционери“.

„Оваа ознака ја потврдува посветеноста на САД во борбата против корупцијата, која го загрозува јавниот интерес, го попречува економскиот просперитет на земјите и ја ограничува способноста на владите ефективно да одговорат на потребите на граѓаните“, се додава во соопштението.

Заедно со Красниќи, неговите деца, ќерката Аулјона и синот Олти Красниќи, се исто така прогласени за неподобни за влез во САД.