сабота, 4. ноември 2023. Вести денес: 70
home Регион

Пукање во Белград, ранет еден маж

Пукање во Белград, ранет еден маж

Во Чукарица во Белград околу 17:00 часот дошло до пукање во кое едно лице е рането, соопшти Н1 Белград.

Маж (28) е ранет во улицата „Милорад Јовановиќ“ во Чукарица. На улиците има полиција со огнено оружје, а моментално во тек е т.н акција „Виор“.

Како што неофицијално дознава Телеграф, ранетиот И.А. е свесен. Тој е ранет во градниот кош или во стомакот и со тешки повреди е пренесен во болница.

Се уште не е познат мотивот за пукањето.