недела, 5. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Со туѓа лична карта сакал да земе кредит, приведен измамник во Скопје

Со туѓа лична карта сакал да земе кредит, приведен измамник во Скопје

На 02.11.2023 околу 09.30 часот во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Чаир го лишиле од слобода Х.З.(45) од с.Крушопек, скопско.

Тој се сомничи дека одзел лична карта на лице од скопско село и во филијала на финансиско друштво на подрачје на Бутел се обидел да земе кредит, претставувајќи се дека е лицето, но од вработените бил забележан дека лажно се претставува.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.