вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Уапсена малолетничка од Мала Речица, полицијата при нејзин претрес и потоа во нејзиниот дом пронашла дрога

Уапсена малолетничка од Мала Речица, полицијата при нејзин претрес и потоа во нејзиниот дом пронашла дрога

Полициски службеници од СВР Тетово вчера во 23:05 часот на улицата „Илинденска“ во Тетово лишиле од слобода малолетничка од село Мала Речица, тетовско, поради тоа што кај неа била пронајдена и одземена марихуана.

-Малку подоцна, во координација со ОЈО Тетово бил извршен претрес во нејзиниот дом, при што била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. Во присуство на родител и претставник од Центарот за социјални работи во полициска станица бил извршен службен разговор со малолетничката и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок, соопшти МВР.