вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

СО ТУЃА ЛИЧНА КАРТА СЕ ОБИДЕЛ ДА ЗЕМЕ БРЗ КРЕДИТ – скопјанец заврши со лисици на рацете откако ги убедувал вработените дека е истиот во живо и на документ

СО ТУЃА ЛИЧНА КАРТА СЕ ОБИДЕЛ ДА ЗЕМЕ БРЗ КРЕДИТ – скопјанец заврши со лисици на рацете откако ги убедувал вработените дека е истиот во живо и на документ

На 02.11.2023 околу 09.30 часот во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Чаир го лишиле од слобода Х.З.(45) од с.Крушопек, скопско.

Тој се сомничи дека одзел лична карта на лице од скопско село и во филијала на финансиско друштво на подрачје на Бутел се обидел да земе кредит, претставувајќи се дека е лицето, но од вработените бил забележан дека лажно се претставува.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.