среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ставен е под контрола пожарот во неготинско

Ставен е под контрола пожарот во неготинско
миа

Ставен е под контрола пожарот во Неготинско, потврди вечерва за МИА, градоначалникот на Неготино, Горан Стојанов.

– На терен делуваа неготински и кавадаречки пожарникари, а и дождливото време помогна. Има дежурни пожарникари на лице место и ќе се следи состојбата, додаде Стојанов.

Станува збор за пожар што избувна попладнево во атарот на селото Дуброво, информираа претходно од ЦУК за МИА.

Најнови вести