недела, 5. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

34 години од смртта на доајенот на македонското спортско новинарство, Никола Солдатов

34 години од смртта на доајенот на македонското спортско новинарство, Никола Солдатов

На денешен ден пред 34 години во Сремска Каменица почина Никола Солдатов, познат македонски новинар и долгогодишен ТВ коментатор.

Тој бил еден од основачите на Спортската редакција на Телевизија Скопје и како врвен ТВ репортер се вбројува во доајените на македонското спортско новинарство. Извршил околу 1000 ТВ преноси од спортски и од други настани.

Завршил гимназија во Скопје (1946) и учествувал во НОБ (од 1944). Во Радио–Скопје бил редактор и уредник на Младинската, Спортската и на други редакции, а бил и спикер, коментатор и радио–репортер (од 1946). Вршел преноси од голем број спортски натпревари и други манифестации.

Коментарот Златко Калинки во едно интервју ќе каже: „Солдатов беше најдобриот ментор што можев да го добијам“.

-Првиот телевизиски пренос ми беше од Белград, од Купот на шампионите меѓу ракометарките на Раднички и романскиот Рументул. Утредента, коментарот на мојот ментор Никола Солдатов гласеше: „Нема потреба на гледачот да му го раскажуваш тоа што го гледа, не опишувај, коментирај ги случувањата“ – вели Калински.

Солдатов е роден во 1926 година во Скопје.

Најнови вести