Првиот и единствен мега шаховски парк во Македонија, се гради во Кисела Вода!, објави на асоцијалната мрежа на Фејсбук градоначалникот на општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски.
Со големо задоволство денес, сакам да најавам дека на оваа огромна површина од 4000 метри квадратни во населбата 11 Октомври Бараки, започнуваме со изградба на првиот и единствен парк на шахот во Македонија.
Идејата за ова велелепно дело кое ќе биде изградено за краток период, произлезе од заедничкиот разговор со претседателот на шаховската федерација на #Македонија Саша Богдановиќ, со кого ги прецизиравме деталите за тоа како сѐ ова да изгледа и на кого сакам искрено да му се заблагодарам.
мено, нешто слично на ова, постоело во Градскиот парк во Скопје за време на одржување на шаховската олимпијада во далечната 1972 година но не како шаховски парк, туку само импровизирани полиња кои служеле за потребите на натпреварите.
Ова што се гради денес, е единствено во Македонија.
Паркот ќе понуди едно големо шаховско поле за одржување на натпревари и уште едно, за рекреативно дружење за сите жители од 7 до 77 години.
Ќе биде опремен со клупи и други урбани содржини, со многу зеленило и ќе биде целосно осветлен.
15-те професионални шаховски табли ќе бидат наменети за одржување на натпревари од локален, регионален и меѓународен карактер, со еден збор ова ќе биде центарот на шахистите во Македонија, а како круна на сето ова ќе стои споменик од кралот и кралицата.
Од голема полза ќе биде и учениците, бидејќи шахот веќе е изборен предмет во училиштата и тука ќе можат да се дружат и да играат.
Шахот е глобална игра која промовира правичност, инклузивност и меѓусебно почитување, придонесува за поголема толеранција и разбирање меѓу луѓето и токму затоа, ова ќе биде уште едно културно собиралиште на мојот народ во Кисела Вода, пишува Ѓорѓиевски во својата објава.