И во минатото исто како и денес, луѓето се интересирале за точни и брзи информации. Кој е телефонскиот број на амбулантата во Велес? Која е точната локација на продавницата за миленичиња во Карпош? Кој стоматолог во ваша близина работи и во сабота попладне?
Во минатото се јавувавме кај пријател, денес проверуваме на Гугл.
Но има и друга опција. Еве 5 информации кои можете да ги дознаете со јавување на телефонската служба 1188:
- Контакт од некој, ама не знаете кој
Лесно можеме да дознаеме контакт за некој за кого знаеме се друго. Но, кога ви треба плочкар, молер или бравар, а не се сеќавате на ниеден, операторите во 1188 можат да ви помогнат со контакт од било кој мајстор или фирма за мајсторски работи во вашиот град. Сите занаетчии, слаткари, пекари, ѕидари или автомеханичари имаат свои контакт податоци во службата Информации. - Знаете кој, ама не знаете каде
Ви треба доктор Николов, беше специјалист за детска стоматологија, многумина ви го препорачуваа, но никогаш не запишавте негов број. Како најбрзо да го најдете сега кога ви треба? Во 1188 имаат податок кој доктор во која ординација можете да го најдете и секако како најбрзо да ја најдете/исконтактирате таа ординација. - Знаете каде, ама исто како да не знаете
Ви треба локација на училиштето за гитара во центарот на градот, но само адресата не ви значи ништо. Операторите во информации не само што точно ќе ви кажат каде е, туку и ќе ви објаснат како да стигнете таму, најбрзо, најлесно, ориентирајќи се на објекти или улици кои вам ви се познати. - Знаете кој, ама најбитно ви е кога
Аптеки има се чини на секоја уличка, но кога вам ви треба онаа најблиската што работи недела навечер, тогаш не тргнувајте без да се јавите на 1188. Тие ги имаат информациите за работно време не само на дежурните туку и на сите останати аптеки во земјата. - Кога ви треба информација плус
Ви треба цвеќара ама да врши достава, ви треба парфимерија но да нуди Maybeline, ви треба сервис за шпорети на Горење или влечна служба за во околината на Куманово, операторите на 1188 можат да ви помогнат.
Во време на интернет и Гугл, многу нешта можете да ги дознаете со типкање на тастатурата, но за да добиете корисна информација која добро сте ја разбрале, ви треба човечка интеракција, ефикасен и пријателски разговор со некој кој е тука токму за тоа – да ви помогне со вашите прашања.