По повод 20-от роденден на оригиналниот модел TT, Audi подготви посебно издание кое ќе биде понудено на пазарот во две каросериски верзии – купе и роудстер. Иако дизајнот е целосно нов, компанијата реши да задржи неколку детали кои потсетуваат на класичниот TT.
Двете каросериски верзии ќе бидат достапни во две бои, а помеѓу стандардната опрема се наоѓаат целосно кожна внатрешност, плочка со регистарски број, адекватни ознаки „TT 20 Years“ кои укажуваат на тоа дека сте еден од среќниците кои ќе дојдат до овој модел, аудиосистем Bang & Olufsen, дигитална инструментална табла и многу други работи.