Британскиот премиум произведувач Бентли призна дека неподготвено го дочекал бранот на електрични автомобили, но оти тоа станува приоритет на компанијата.
Бентли во средината на март во Женева го претстави првиот свој модел на електричен погон, SUV Bently Hybrid со 3,0 литарски V6 турбобензиски и електромотор кој овозможува домет до 50 километри.
-Тоа е сјаен прв чекор, но мораме да направиме повеќе од само еден хибрид, рече новиот директор на компанијата, Адријан Холмарк.
По неподготвениот старт, Бентли ја менува стратегијата за да остане конкурентен на брзорастечкиот пазар на електрични автомобили.
Со тоа, од компанијата најавуваат електрична верзија на своите модели до 2025, а прв потполно електричен модел би требало да дебитира во наредните пет години.