четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Технологија

Чудо на архитектурата во Дубаи: Вака би изгледало „соседството“ на највисокиот облакодер во светот (ВИДЕО)

Чудо на архитектурата во Дубаи: Вака би изгледало „соседството“ на највисокиот облакодер во светот (ВИДЕО)

Во Дубаи можете да пронајдете чуда на архитектурата и инженерството, како на пример најдлабокиот базен на светот „Deep Dive Dubai“.

Не смееме да заборавиме ниту на највисокиот облакодер на светот – Бурџ Калифа, а денеска ќе ви го претставиме концептот на компанијата „ZNera Space“ којшто привлече големо внимание во јавноста.

Огромен парк

Инженерите осмислиле огромен комплекс којшто ќе ја опкружува Бурџ Калифа на висина од 550 метри.

Секако дека облакодерот ја надминува импресивноста со 829,8 метри, но „Downtown Circle“ зазема простор од 3.000 метри, распореден на пет катови.

Во него би се сместиле канцеларии, апартмани, продавници како и Skypark исполнет со зелени површини, пренесува „New Atlas“.

Соларни плочи и колектори

„ZNera Space“ не прецизирале како комплексот би функционирал, освен дека гостите би се движеле со помош на интерна железница.

Надворешноста подразбира соларни плочи, за да се „олесни“ електро-мрежата на Дубаи, а планирани се и големи колектори.

„Downtown Circle“ изгледа фантастично, но нема финансиска поддршка од државата (засега).