вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Технологија

Доаѓаат нови емотикони, погледнете како ќе изгледаат: Едниот се чека долго поради специфичното значење

Доаѓаат нови емотикони, погледнете како ќе изгледаат: Едниот се чека долго поради специфичното значење

Љубителите на емотикони ќе бидат израдувани од веста дека наскоро доаѓаат 118 нови емотикони, а меѓу нив и еден кој долго се чекал.

Имено, „Emojipedia“ на „X“ објави вест дека „Unicode Consortium“ официјално го потврдил „Emoji 15.1′, што значи дека новите емотикони би требало да пристигнат на сите дигитални уреди во наредната година, пишува „Index.hr“.

Серијата од 118 нови емотикони вклучува шест сосема нови концепти, четири ново родно неутрални семејни комбинации на емотикони и 108 нови верзии за шест постоечки емотикони на лица кои покажуваат насоки.

Шесте сосема нови концепти вклучуваат хоризонтално и вертикално одмавнување со главата, феникс, кафена печурка, скршен ланец и долгоочекуваниот емотикон од лимета. Имено, досега се користеле емотикони од лимон и зелен лимон за да се изрази овој емотикон. А ако се прашувате зошто по ѓаволите овој емотикон е толку важен, еве одговор.

Освен оној очигледниот, емотиконот од лимета меѓу корисниците на мрежите носи некои специфични значења – претставува свежина или склоност кон цитрусна храна и пијалаци, но е и популарен симбол со кој се означува незадолжително дружење, дали на приватна забава или на ноќно излегување, а исто така изразува и чувство на љубомора.

Па, доколку ве интересираше, сега знаете.