недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Технологија

Фејсбук ќе ви го блокира профилот ако ги фалите Тито и Југославија!

Фејсбук ќе ви го блокира профилот ако ги фалите Тито и Југославија!

Фејсбук да ги брише сите постови во кои се употребуваат термините Јосип Броз Тито и Југославија- ова го бараат од Хрватското здружение „Урбана десница“.

Здружението објави дека во последните неколку дена е во директен контакт со администрацијата на социјалната мрежа во Лондон и дека се пожалиле на постовите во кои се спомнува Тито.

„Урбана десница“ тврди дека администраторите на Фејсбук им се заблагодариле и им најавиле дека наскоро сите содржини во кои се величат Тито или Југославија ќе бидат автоматски избришани, а профилите што ги промовираат ќе бидат блокирани.

„Кога ќе добиеме официјална потврда на мејл за вклучување во алгоритамот, ќе ве информираме. Тогаш секоја ваша пријава на содржина во кои се величи злосторничкиот режим или Тито ќе бидат автоматски избришани“- велат хрватските десничари.

Седиштето на здружението „Урбана десница“ се наоѓа во Сплит, а целите им се, како што тврдат да „промовираат модерни патриотски вредности и култура на животот, и да спроведат лустрација“.