четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Технологија

Фејсбук веќе нема да биде ист: Марк има цел да ја промени социјалната мрежа

Откога во 2009 година почна да си поставува новогодишни цели, Цукерберг ја посети секоја американска сојузна држава поединечно, претрча 590 километри и го поднаучи мандаринскиот јазик.
Фејсбук веќе нема да биде ист: Марк има цел да ја промени социјалната мрежа

За Новата 2018 година, директорот на Фејсбук, Марк Цукерберг најави позасилена заштита на корисниците од вербални напади и ширење омраза.

– Нема да ги спречиме сите грешки и злоставување, но сега правиме премногу грешки во спроведување на нашите правила и спречувањето злоупотреба на нашата програма, изјави Цукерберг.

Откога во 2009 година почна да си поставува новогодишни цели, Цукерберг ја посети секоја американска сојузна држава поединечно, претрча 590 километри и го поднаучи мандаринскиот јазик.

Фејсбук лани беше на удар на критиката поради „неуспехот да ги спречи руските разузнавачи во искористувањето на платформата“ во однос на наводното мешање во американските претседателски избори во 2016 година. (МИА)