четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Технологија

Фолксваген и Стелантис ја претекнаа Тесла на пазарот за електрични возила

Фолксваген и Стелантис ја претекнаа Тесла на пазарот за електрични возила

Германскиот концерн Volkswagen и француско-италијанско-американскиот автомобилски гигант Stellantis ги зазедоа првите две места во Европа по продажба на електрични возила во првата половина на 2022 година. Кога станува збор за електричните автомобили, концернот Volkswagen во првите шест месеци од оваа година остави зад себе два големи ривали, Stellantis и Tesla. Добар резултат направи и Stellantis со оглед на тоа што е многу блиску до Германците, а во однос на продажбата го престигна Tesla.

Концернот Volkswagen испорача 116.307 електрични возила на клиентите во Европа во првата половина од годината, додека Stellantis беше втор со испорачани 105.413 електрични автомобили.

Tesla е далеку зад, на третото место со 78.277 продадени возила, според податоците на Dataforce, како што објави Automotive News Europe. Податоците се однесуваат на 27 земји од ЕУ, како и Велика Британија, Швајцарија, Исланд и Норвешка.

Најпродаваниот електричен автомобил од Stellantis е новиот Fiat 500.

Иако Tesla е само трета по продажба на ЕВ во Европа, овој производител ги зазема првите две места кога станува збор за индивидуални модели. Најбараниот електричен автомобил во Европа во првите шест месеци од 2022 година е Tesla Model Y (39.969 продадени возила), додека втор е Tesla Model 3 (38.320). Трет е електричниот Fiat 500 (32.315), четврти е Peugeot e-208 (21.918), а петти е Škoda Enyaq iV (19.951), како најпродаван електричен модел од групацијата VW.