понеделник, 13. ноември 2023. Вести денес: 0
home Технологија

ФОТО: Новата опција на Фејсбук ги раскара корисниците

ФОТО: Новата опција на Фејсбук ги раскара корисниците

Новата реакција поврзана со пандемијата на коронавирус пристигна на Facebook.

Покрај лајкови, срца и други емотикони, Фејсбук додаде и реакција која означува дека лицето се грижи, односно грижлива реакција која е претставена како емотикон со срце што се прегрнува, а од компанијата соопштија дека се надеваат дека реакцијата ќе им овозможи на луѓето да се чувствуваат повеќе поврзани со своите семејство и пријатели кои можеби се разделени во моментот, поради пандемијата.

Нов емотикон има и на Месинџер, но ќе изгледа малку поинаку – ќе биде во форма на пулсирачко виолетово срце.

Новата реакција започна да им се појавува на корисниците ширум светот, а реакциите се поделени. Додека некои ја сметаат за убава, други тврдат дека таа е бескорисна и ја исмеваат.

„Тотално ја злоупотребувам оваа реакција затоа што сега на сите ни требаат куп прегратки“.

„Знам дека е тривијално, но новите емотикони на Фејсбук навистина ми го осветлија утрото“.

„Единствената добра работа што ја направи Фејсбук е што треба да додаде реакција на прегратката“.„Новиот емотикон за гушкање изгледа како да има циклус. Сега ќе имам спазам секој пат кога ќе го користам“.„Еј, Фејсбук, онолку колку што го ценам емотиконот со прегратка, всушност ми треба фејспалм, да превртувам очи и да повраќам“.

„Ако ја користите оваа реакција, ќе мора да ве избришам“, се неколку од илјадниците реакции на новите емотикони на Фејсбук.