Оние кои пораснаа во времето кога се раѓаше ерата на интернетот веројатно знаат што е „Winamp“ – омилениот музички плеер од добата кога не се знаеше за подобри опции.
Овој дел од минатото сега заживеа, и тоа преку нова верзија на која се работеше 4 години.
„Winamp“ се појави во 1997 година и многу брзо стана популарен. Со текот на годините имаше безброј промени и беше познат по тоа што поддржуваше голем број формати и на корисниците им нудеше бројни „скинови“, додатоци за визуелизација и плејлисти.
Врвот на популарноста го доживеа во 1999 година, кога компанијата „AOL“ го купи за 80 милиони долари, за во 2013 година да се соочи со криза, кога беше најавено и неговото гасење.
По верзијата од 2013 година, „Winamp“ беше во мирување сè до 2018 година кога протекоа информации за верзијата 5.8. Набрзо беа објавени информации на веб-страницата Winamp.com, а оттогаш беше ветувана нова верзија со поддршка за „cloud streaming“ и други модерни опции кои ќе направат овој плеер да биде во чекор со времето.
Пред неколку дена излезе „Winamp 5.9 RC1 Build 9999“, што е првиот чекор кон оживување на плеерот кој има богата историја.
За постарите корисници на компјутери, еве малку носталгија – сигурно се сеќавате на симпатичното и комично интро: