недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Технологија

Голема промена од Twitter за корисниците

Голема промена од Twitter за корисниците

Корисниците на Твитер се соочуваат со уште една голема промена на платформата, објави FOX News.

Тие веќе нема да можат да ги поврзат своите сметки со некои конкурентни платформи. Оваа група вклучува Фејсбук и Инстаграм.

Ова е уште една одлука на новото раководство во компанијата.

Нејзиниот директор Илон Маск најави дека планира голем број промени.

Компанијата објави порака до потрошувачите. Оттаму објаснија дека разбираат оти многу од нив се активни и на други сајтови.

Сепак, бесплатната промоција на објави на одредени други платформи повеќе нема да биде дозволена. Од таму не даваат објаснување зошто ова важи за одредени платформи, а за други не.

Деталите за одлуката се очекува да бидат објавени наскоро.