сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Технологија

Google го отпушти инженерот кој кажа дека вештачката интелигенција има чувства

Google го отпушти инженерот кој кажа дека вештачката интелигенција има чувства

Google го отпушти Блејк Лемојн, инженер во тимот за развоја на вештачка интелигенција кој тврдеше дека јазичната технологија на Google е чувствителна и разумна, пренесе BBC.

Google, како и неколки експерти за вештачка интелигенција, ги негираа тврдењата на софтверскиот инженер, а вчера компанијата потврди дека Лемојн е отпуштен од работа. За BBC тој изјави дека се воздржува од коментари, но откри дека ќе побара правен совет.

Претходно, Google го испрати инженерот на платен одмор поради кршење на политиката за доверливост.

Вниманието на јавноста инженерот го привлече со набљудувањата кои јавно ги изнесе, а истите беа отфрлени од компанијата.

„Нашиот тим ги разгледа наводите на Блејк и го информира дека доказите не ги поддржуваат неговите тврдења. Нема докази дека јазичната технологија The Language Model for Dialogue Applications (Lamda) е разумна“, изјави претходно Брајан Габриел, портпарол на Google.

Лемојн го објави разговорот што тој и неговиот соработник во Google го имале со јазичната технологија, со цел да ги докаже тврдењата.