петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Технологија

Google Maps воведе промена која на многумина нема да им се допадне

Google Maps воведе промена која на многумина нема да им се допадне

Google го промени начинот на кој ги гледаме мапите преку целиот екран.

Од стискање слики за да се зумираат до навигација низ интерфејсот, гестовите со прстите се нешто на што повеќе не размислуваме кога го користиме телефонот.

Меѓутоа, проблемот настанува кога компаниите одлучуваат да променат нешто, а Google штотуку направи многу непопуларен потег во својата апликација Google Maps.

За да ја оптегнеме мапата преку целиот екран, односно без полето за пребарување и навигација, досега набрзина само допиравме било кој дел од мапата за да ги сокриеме овие елементи, а на истиот начин се враќаа назад.

Сепак, новото ажурирање донесе промена во начинот на кој ја гледаме мапата на цел екран. Сега, за да ги скриеме споменатите елементи, треба со прстот да го повлечеме полето за пребарување нагоре.

Ја разбираме одлуката на компанијата да ја направи оваа промена. Потегот за прегледување на мапата на цел екран беше идентичен со поставувањето „игла“, со тоа што оваа функција се активира доколку малку подолго го држиме прстот на екранот. Сепак, она што не го разбираме, а гледаме дека многу други корисници не го разбираат, е дека потегот за враќање на елементите останува ист како порано, што само ја зголемува конфузијата.

Дополнително, Google донесе некои промени на Google Maps за компјутери, односно го претстави дизајнот Material You, а тоа најдобро се гледа во полето за пребарување, кое повеќе не е заоблен правоаголник, туку издолжена пилула.