недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Технологија

„Гугл“ го најави новиот телефон на преклопување „Пиксел фолд“

„Гугл“ го најави новиот телефон на преклопување „Пиксел фолд“

„Гугл“ го потврди и официјално го најави доаѓањето на пазарот на новиот паметен телефон на преклопување, наречен „Пиксел фолд“.

На својата Конференција за 2023 година, технолошката компанија прикажа и куса видеоснимка која го најавува новитетот што своето официјално претставување ќе го има на 10 мај. Сѐ уште нема подробности за самиот уред, но прикажано е дека се отвора слично како „Галакси Зи Фолд“ уредите на „Самсунг“, како и изгледот на внатрешниот екран.

Модулот на камерата на задната страна на телефонот е сличен на оние на другите „Пиксел“ уреди, но не е толку истакнат.

Според најавите претходно, покрај телефонот, ќе биде претставен и новиот „Пиксел“ таблет. (МИА)