Технолошката компанија Гугл инвестира повеќе од една милијарда евра за проширување на бизнисот во Њујорк.
Рут Порат, потпретседателката и финансиска директорка на Гугл и Алфабет, објави на блог дека Гугл гради центар од 158.000 метри квадратни долж реката Хадсон во долниот дел на Менхетн.
Хадсон сквер на Гугл ќе биде примарната локација за бизнисот во Њујорк.
Гугл ја отвори својата прва канцеларија во Њујорк пред речиси 20 години и сега има повеќе од 7.000 вработени во тој град.
Компанијата се надева дека ќе се всели во новиот центар до 2020 година.
Планот за проширување на Гугл беше објавен еден месец откако Амазон соопшти дека ќе го отвори своето второ седиште на Лонг Ајленд во Њујорк.