Изгледа дека тимот од „Google“ започнал со голема брзина во обид да убеди што е можно повеќе корисници на „YouTubе“ да платат за претплатата. Многу корисници неодамна го критикуваа „Google“ бидејќи компанијата го зголеми бројот на реклами кои им се прикажуваат на корисниците за време на времетраењето на видеата на „YouTube“.
Поголемиот број реклами, секако, значи повеќе пари за таа компанија, но може да влијае и на зголемување на бројот на корисници на „YouTube Premium“, бидејќи некои корисници кои не сакаат да гледаат толку многу реклами би можеле да одлучат да плаќаат месечна претплата.
За потсетување, на оние кои плаќаат претплата не им се прикажуваат реклами.
Друг начин на кој компанијата сака да ги мотивира корисниците да плаќаат претплата е да прикажува содржина во 4K резолуција само за корисниците на „YouTube Premium“. Иако за ова нема официјална информација од „Google“ (се уште), неколку корисници на форумите известија дека добиваат известување дека доколку сакаат да видат одредено видео во 4K резолуција, мора да активираат претплата.
Засега, ова известување им се прикажува на мобилните корисници во мобилната апликација „YouTube“, а не на апликациите за компјутер и ТВ, така што не е познато дали „Google“ планира да направи 4K видео содржини достапни само преку претплата на паметни телефони или на сите уреди.
Со оглед на тоа дека многу корисници денес имаат 4K телевизори и монитори, јасно е дека овој потег на „Google“, доколку навистина биде воведен, сигурно нема да ги возбуди бидејќи, освен ако не платат месечна претплата, веќе нема да можат да гледаат видео содржини на таа резолуција.