Во состав на најавата за „Tech World 2022“, компанијата „Lenovo“ прикажала мистериозен лаптоп со „ролетна“ екран.
Доколку не сте запознаени, напредната технологија подразбира „OLED“ дисплеј којшто се „одмотува“ по хоризонтална/вертикална оска со помош на специјален механизам.
Малку податоци
Делува како да гледаме класичен лаптоп со тастатура, но во еден момент екранот почнува да се издолжува – и тоа воочливо.
Официјалните податоци не се познати, освен шпекулациите дека екранот „расте“ од 9 на 13,5 инчи.
Примената на ваквата технологија е очигледна, а особено е пријатен мултитаскингот, без потреба на дополнителен екран.
Остра конкуренција
Останува да видиме дали „Lenovo“ ќе влезе во сериско производство со „ролетна“ лаптопот, со што би ја заострил конкуренцијата.
Да ве потсетиме, слични концепти веќе постојат, но за мобилни телефони – „LG Rollable“, „Oppo X 2021“ и „Galaxy Scroll“.
Извршниот директор на „Samsung Display“ неодамна изјавил дека „свитливите екрани се минато“ и го претставил дисплејот од 13 инчи којшто со едноставно движење на рацете се претвора во 17-инчен.