четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Технологија

Колку гориво троши клима уредот на вашиот автомобил?

Колку гориво троши клима уредот на вашиот автомобил?

Високите температури се тука, и иако порано беше сосема нормално да се вози автомобил без клима, денес не можеме да замислиме патување без неа. Сепак, дали знаете како тоа влијае на потрошувачката на гориво?

Германскиот автомобилски клуб (ADAC) спроведе студија за да утврди до кој степен употребата на клима уред во возилото влијае на потрошувачката на гориво. Добрата вест е што благодарение на модерните системи за климатизација, влијанието врз потрошувачката (а со тоа и трошоците) полека се намалува.

Анализата покажала дека потрошувачката во просек се зголемува за 10 до 15 отсто, а големо влијание имаат и условите во кои возите.

Во градот, на пример, потрошувачката се зголемува за околу 20 отсто, на автопатите со просечна брзина од 100 километри на час потрошувачката се зголемува за околу шест отсто, а максималната потрошувачка, доколку автомобилот е во мирување, е и до 70 отсто.

ХАК исто така пишува дека клима уредот ќе има помало влијание врз потрошувачката ако користите автоматска клима наместо сами да ја регулирате температурата и моќноста.