сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Технологија

„Мајкрософт тимс“ ја воведе опцијата „воки-токи“

„Мајкрософт тимс“ ја воведе опцијата „воки-токи“

„Мајкрософт“ воведе нова опција на својата апликација „Тимс“, наречена „воки-токи“ (Walkie Talkie). Се работи за новитет што им овозможува на корисниците „да го претворат“ својот паметен телефон или таблет во поделотворен подвижен уред за комуникација што работи преку мобилна или ви-фи мрежа.

Оваа функција беше најавена пред две години. Во септември 2020 година се појави за на „Андроид“, а сега е достапна и за мобилните уреди „Зебра“, како и за „Ајфон“ и „Ајпад“.

„Епл“ исто така има своја опција слична на „воки-токи“, од 2018 година, преку „Фејстајм аудио кол“.