среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Технологија

Македонија меѓу трите балкански земји со најспор интернет, еве во која држава интернетот е најлош

Македонија меѓу трите балкански земји со најспор интернет, еве во која држава интернетот е најлош

Cable.co.uk во извештајот за брзината на широкопојасен пристап до интернет ширум светот во 2021 година наведува дека во Туркменистан со брзина од 0,50 мегабајти во секунда, е најспор интернет од сите 224 земји опфатени во истражувањето.

За преземање на пет гигабајти биле потребни повеќе од 22 часа и 34 минути.

Резултатите од истражувањето покажале дека од 11-те поранешни советски републики кои се членки на Заедниците на независни државни, Интернетот е најбрз во Русија (35,73 Mbps, 66. место), Украина (25,26 Mbps, 77. место) и Белорусија(19,86 Mbps, 92. место).

Естонија, Летонија и Литванија се рангирани меѓу 40-те најдобри земји. Естонија го предводи балтичкото трио со просечна брзина на Интернетот од 84,72 Mbps – 22. место во светот.

Летонија е на 33 место со брзина од 63,28 Mbps, додека Литванија на 37 место со брзина од 56,17 Mbps.

Во источна Европа, три земји со највисока просечна брзина на Интернет се Унгарија (104,07 Mbps, 10.), Романија (67,40 Mbps, 29.) и Словенија (67,20 Mbps, 30.).

Најспор Интернет на Балканот имаат Македонија (15,38 Mbps, 107 место), Албанија (19,36 Mbps, 96.) и Косово (22,21 Mbps, 81.).

Од Cable.co.uk истакнале дека листата е направена по над 1,1 милијарда тестови на брзината направени во 12 месеци до 30 јули.