сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Технологија

Маск подготвува нов стартап за вештачка интелигенција

Маск подготвува нов стартап за вештачка интелигенција

Шефот на „Тесла“ и на „Твитер“, Илон Маск, планира да лансира стартап со вештачка интелигенција што ќе се натпреварува со Open AI, компанијата која го произведе напредниот систем ChatGPT.

Според Фајнешел тајмс, Маск веќе составува тим од експерти и инженери кои ќе работат на новиот проект. Тој се здоби со илјадници Nvidia процесори за овој стартап, според Танјуг.

Во 2015 година, Маск помогна во започнувањето на проектот Отворена вештачка интелигенција и служеше како копретседател на компанијата, заедно со сегашниот сопственик Сем Алтман.

Шефот на „Тесла“ ја напушти Open AI во 2018 година и оттогаш почна да го критикува проектот, изразувајќи загриженост дека „експертите ја учат оваа програма да биде свесна (разбудена – woke)“ и дека „Мајкрософт“ „суштински ја контролира“ Open AI.

Алтман претходно изјави дека Маск „чувствува голема загриженост за иднината на човештвото“.