Со Илон Маск на чело, Твитер планира да ја зголеми цената на претплатата на Blue.
Според странските медиуми, Маск планира да ја зголеми претплатата на Twitter Blue од сегашните пет долари на 20 долари месечно, како и да ја направи претплатата задолжителна за проверените корисници.
Доколку се имплементира овој план, проверените корисници (славни личности, политичари, новинари и други) ќе треба да се пријават на услугата за претплата во рок од 90 дена или ќе ја изгубат сината ознака за проверка што покажува дека корисникот е потврден.
Исто така, вработените кои работат на проектот наводно биле известени дека ќе добијат отказ доколку не ги спроведат споменатите измени до 7 ноември.
Твитер лани ја лансираше услугата за претплата Blue, со цена од три долари месечно, а претплатата во јули беше зголемена на пет долари. Претплатниците добиваат функции како топ вести, сопствени икони и можност за уредување твитови.
Заедницата на корисници на Твитер веќе го кажа своето мислење за овој потенцијален потег на Маск и социјалната мрежа. Многу од нив не се подготвени да платат 20 долари за да го задржат својот потврден статус.