четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Технологија

„McLaren“ од кој застанува здивот (ВИДЕО)

„McLaren“ од кој застанува здивот (ВИДЕО)

Ландо Норис, возач на „McLaren“ во Формула 1, се пофали со својот нов автомобил.

„McLaren“ пред речиси две години го претстави моделот „765LT Spider“, а новиот сопственик на возилото, Ландо Норис, стана и возач на Ф1 тимот на оваа компанија.

Како што наведува „Klix.ba“, станува збор за само еден од 765 примероци кои ќе бидат произведени со уникатни детали од одделението на „McLaren Special Operations“, но и многу карбонски влакна.

Видеото кое на „Youtube“ го објави „Mclaren Automotive“ го прикажува 23-годишниот Норис како патува во Вокинг и го презема автомобилот лакиран во карбон сина боја. За оние кои се прашуваат зошто „765LT Spider“ е произведен со управувач на левата страна, одговорот е едноставен. Британецот повеќе не живее во својата земја, бидејќи се пресели во Монако пред неколку години.

Контраст на сината боја и прават жолтите детали на каросеријата и потсетуваат на кацигата на Норис, додека четирите линии се однесуваат на неговиот број. На наслоните за глава стојат иницијалите ЛН, а тука е и специјализираната плочка кај јасно укажува дека автомобилот е специјално направен за Норис.

Многу специјални детали се со потпис на неколку луѓе кои работеле на возилото, а меѓу нив е и директорот на „McLaren Racing“ Зак Браун.

Новиот „миленик“ на Ландо работи на 4.0-литарски твинтурбо V8 мотор кој развива 755 коњски сили 870 Nm вртежен момент, а кој е поврзан со седумстепенски автоматски менувач со двојно квачило. „McLaren 765LT“ од 0 до 100 км/ч забрзува за само 2,8 секунди, а до 200 км/ч за 7,2 секунди, додека максималната брзина изнесува 330 км/ч.