среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Технологија

Мистериозна спирална формација на ѕвезденото небо над Хаваи

Мистериозна спирална формација на ѕвезденото небо над Хаваи

Се претпоставува дека спиралниот објект има врска со лансирањето на сателитите на „Space X“.

Мистериозна формација во облик на спирала била забележана на ноќното небо над Хаваите.

Феноменот кој е снимен кон средината на месецот, предизвикал голем интерес кај набљудувачите.

Спектаклот првобитно го забележала опсерваторијата во местото Мауна Кеа на 18-ти јануари и делувал како ѕвезда пред да поприми поинаков облик.

Прераснал во голема топка, а потоа се претворил во спирала околу една точка, покажуваат фотографиите.

Спиралата на ноќното небо, не е НЛО или вселенски брод – туку наводно дело на милијардерот Илон Маск, пишува „New York Post“.

Се претпоставува дека реткиот светлосен феномен е поврзан со лансирањето на сателитите на „Space X“ на Маск.